Кузмановски со перфектна „петка“ против Балинген на Талески

Kuzmanovski-pet

Македонските интернационалци во германската ракометна лига денеска имаа половичен успех, а Филип Кузмановски го доби дуелот со својот репрезентативен колега Филип Талески.

Магдебург го победи Балинген како гостин со 34:32, а ако Талески не упатил удар кон противничкиот гол, Кузмановски имал перфектен скор со 5 голови од исто толку удари.

Победа како гостин забележа и Лудвигсхафен, кој против Ерланген славеше со 27:23, а голманот Мартин Томовски забележал 3 одбрани на оваа средба.

Филип Миркуловски имал 2 реализации за Вецлар, но неговиот тим е поразен од Лемго со 32:27.

По ова коло и новиот пораз на Балинген, тимот на Талески се најде на претпоследното место, додека Лудвигсхафен е една позиција погоре, но со ист број бодови во борбата за опстанок.

На Вецлар му виси осмото место, додека Магдебург моментално е на одличната трета позиција.

Facebook Коментари