Европски првенства
Кузмановски откри на што се должат неверојатниот број технички грешки: Со Кире пробуваме да играме со нов систем

Филип Кузмановски беше еден од најразочараните играчи во македонскиот табор по вчерашниот пораз од Црна Гора, кој практично значеше дека нашата репрезентација останува без шанси за пласман во втората рунда на Европското првенство.
Младиот бек кој презема огромна одговорност на изминатите два меча денеска се појави на брифингот со новинарите и даде нова изјава со поладна глава, но сепак импресиите беа се уште свежи и порача дека новата генерација ќе мора многу да напредува и да учи за да достигне повисоко ниво во блиска иднина.
– Уморен сум и разочаран, после натпреварот со Словенија кажав дека имавме голем број технички грешки, а ние тоа го повторивме против Црнга Гора. Требаше да ги поправиме, но се случи спротивното. Со кире Лазаров имавме добри резултати, освен на овие два меча на стартот на Европското првенство. За жал имавме голем пех со повредени играчи, ни недостасуваат најважните ракометари во оваа репрезентација. Манасков, Марковски, Столе Стоилов, и се разбира Кирил Лазаров кој се повреди на последниот тренинг пред стартот на Европското првенство.
– Тоа беше голем пех, но има што да поправаме и во што да веруваме. Ние сме млада репрезентација и не е исто без најискусните кои веќе ги споменав. Да оставиме да покаже времето како ќе се развие оваа репрезентација, – вели Кузмановски кој смета дека огромниот број технички грешки се должат на промената на системот и модерниот ракомет кој сака да го негува селекцијата под водство на Лазаров.
– Нема што да загубиме на последниот меч со Данска, да изиграме, да покажеме што можеме и за што се подготвувавме. Подготовките беа супер, тактички и физички бевме извонредни, дури мислам дека физички бевме подобри од Словенија и Црна Гора. Сепак, тоа не беше доволно за победа, бидејќи на еден натпревар мора главите да ви бидат ладни. Сметам дека грешките се должат на тоа што пробуваме да играме нов систем, да не бидеме како минатата Македонија. Сакаме да играме модерен и брз ракомет, да пробаме да играме брзо со голема ротација. Поради тоа ни се случуваат технички грешки и се уште сме во процес. Се уште не гледавме видео од Црна Гора, ќе треба да видиме и да анализираме, – порача Кузмановски.
-
Англијапред 23 часа
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Германијапред 20 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 17 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Англијапред 18 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Светпред 15 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 20 часа
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Барди се прости од Леванте како голем џентлмен и со крајно емотивни зборови: Сакав да биде поинаку…. (Фото)