Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски одличен во победата на Хановер, Миркуловски се врати на терените

Објавено

на

Тимот на Хановер врза две победи во низа во Бундеслигата, односно по Лемго славеше и над Либек со резултат 22-21.

Домаќините дојдоа до овој триумф со пресврт во вториот дел кој го реализираа со 13-10 што беше доволно за славје број пет во оваа сезона. Нашиот репрезентативец Филип Кузмановски одигра значајна улога со четири гола од пет обиди, а зад своето име додаде и три асистенции.

Најефикасен кај победникот беше Хансен со 7 погодоци.

Ветеранот Филип Миркуловски пак ја санираше повредата и се врати на терените на дуелот против Мелсунген кој неговиот Вецлар го доби соо 31-28. Популарниот Жути имаше еден неуспешен обид за погодок, но она што е важно е што е фит и ќе може да помогне на Македонија која на почетокот на наредната година ја очекува ЕП.

Инаку Вецлар со 17 бода е на 5. место, Хановер со 10 ја зазема 13. позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни