Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски одигра без грешка, Хановер по еден месец се израдува на победа

Објавено

на

Составот на Хановер од кој е дел македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски ја прекина лошата резултатска серија и славеше над Ерланген со 35-31 во Бундеслигата.

Ова за Хановер беше прво лигашко славје по пауза од еден месец, поточно од 19 септември кога го совлада Бергишер на домашен терен со 28-20. Ерланген го доби првиот дел со 16-14, но во вториот дел гостите заиграа многу подобро, поефикасно и со 21-15 направија целосен пресврт и ги освоија двата бода.

Нашиот Кузмановски беше еден од најзабележителните играчи кај победникот со пет гола од исто толку обиди.

Хановер во наредното коло го пречекува Минден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни