Светски првенства
Кузмановски: Можев да бидам трагичар, но на крајот преземав голема одговорност

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Филип Кузмановски не реализираше пенал за водство на Македонија во завршните две минути од натпреварот со Австрија, но потоа кога беше најтешко и најдраматично, играчот на Еурофарм Пелистер ги презентираше своите капитенски карактеристики на дело и погоди за 29:29 со звукот на сирената.
Популарниот „Фитиљ“ погоди од далечина и донесе огромна радост меѓу нашите ракометари, кои ако се гледа реално, денеска можеа да се надеваат и на победа во повеќе фази од натпреварот.
Завршниот впечаток е дека Македонија на крајот спасуваше бод, но ако се биде објективен, нашите избраници можеа лесно да ги освојат и првите два бода на стартот на втората фаза на Светското првенство.
– Можев да бидам трагичар за поразот, промашив пенал кој можеше да ни донесе победа, а потоа во последниот напад се договоривме да играме 7 на 6. Имаше време само да шутнам, ме посака среќата и постигнав гол. Имам голема самодоверба, преземав одговорност и горд сум на овие момци.
– Покажавме борба до последната секунда, но реално можевме и да победиме. Не сакам да потценам никого, но мислам дека бевме подобри од нив. За жал, не успевавме да се снајдеме со нивната игра 7 на 6, едноставно не бевме доволно трпеливи во одбрана. На крај мора да бидеме среќни со бодот, а сега не чекаат два натпревари со Катар и Франција. Можеби полека не стига и заморот, но играме за репрезентацијата и имаме уште два натпревари. Ќе изгинеме и ќе се бориме до крај. Веруваме во себе и сметам дека треба да ги израдуваме навивачите со победа над селекцијата на Катар, – изјави Кузмановски.
-
Свет23 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Лига на шампиони14 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија22 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Лига на шампиони16 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Италија20 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција22 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Англија23 часа
Сколс ги посочи најранливите позиции: Потребни се пет нови стартери во Јунајтед
-
НБА21 час
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)