Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски меѓу најдобрите во победата на Хановер над Лемго

Објавено

на

Фото: Facebook.com/DIERECKEN

Филип Кузмановски имал важен учинок во победата на Хановер над Лемго (31:33) во натпревар од германската ракометна Бундеслига.

Лошите резултати го сместија Хановер на долниот дел од табелата, па затоа и денешната победа има големо значење за Кузмановски и соиграчите.

Македонскиот репрезентативец постигнал 5 гола, а поефикасни од него биле само Маверс со 8 и Мартиновиќ со 10 голови.

За Хановер ова е четврта победа сезонава и сега е четврти одзади, со два бода повеќе од Балинген со кого започнува опасната зона.

Вецлар без Миркуловски во составот загуби од Флензбург со 27:25.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни