Кузмановски и Магдебург со пресврт до втора победа во ЕХФ Купот

filip

Германскиот прволигаш Магдебург од кој дел е Филип Кузмановски ја прокнижи втората победа во групата Ц во ЕХФ Купот.

Минатиот викенд бундеслигашот беше подобар од Горење Велење, додека пак вечерва како гостин славеше во Шпанија над Адемар Леон со 31-27. Првиот дел мина во знакот на домаќините (14-12), но во продолжението се сменија работите и Магдебург со пресврт дојде до значајна победа во Леон.

Дамгард со 9 и Муше со 5 голови беа најефикасни кај победникот за кого Кузмановски даде 1 гол.

Во следното коло Кузмановски и компанија одат во Франција на мегдан против Кире Лазаров и Нант.

Facebook Коментари