Кузмановски: Конечно ќе им се исполни желбата на Чесите

Kuzmanovski-izjava

Филип Кузмановски одигра важна улога во одличните изданија на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска, а иако не сака премногу медиумски да се експонира, за „Дерби“ даде интересна изјава во пресрет на втората фаза.

Следни противници на Македонија се Шпанија, Данска и изненадувањето Чешка, репрезентацијата со која имавме жестоки пресметки изминативе години, а по поразот во Скопје гостите испратија жалба до ЕХФ поради неподносливата атмосфера во салата.

– Конечно ќе им се исполни желбата на Чесите да играме на неутрален терен, – истакна Кузмановски, алудирајќи на нелогичните поплаки на селекторот и раководството на федерацијата кон средината на 2016 година.

Играчот на Металург сепак верува во квалитетот со кој располага македонската репрезентација.

– Што се однесува до втората фаза, ние ќе се обидеме со две победи да го решиме прашањето за пласман во полуфиналето. Не значи дека ќе го чекаме мечот со Чешка за да одиме на победа. Наш прв противник е Шпанија, видовме дека можеме да се носиме со Германија, ќе се обидеме да направиме уште една сензација и против Шпанија, – изјави Кузмановски за „Дерби“.

Facebook Коментари