Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски и Миркуловски славеа против „нивниот“ Хановер

Објавено

на

foto:www.facebook.com/HSGWetzlar

Екипата на Вецлар од која дел се Филип Кузмановски и Филип Миркуловски издвојува нова значајна победа во рок од неколку дена, па откако Кил беше шокиран во Купот на Германија денеска беше решен составот на Хановер во Бундеслигата.

Гостите имаа квалитетно второ полувреме во кое го свртија резултатот (19-12) и дојдоа до конечно славје од 33-30 или поточно до втора сезонска победа во шампионатот.

Рубин со 9 и Новак со 7 гола беа први стрелци за Вецлар каде Кузмановски имаше еден неуспешен обид за погодок. Инаку да потсетиме Хановер е поранешен клуб како на Миркуловски кој сега е тренер како и на популарниот Фитиљ.

Вецлар со 4 бода е на 16 место на табелата, нареден ривал му е Бергишер кого ќе го дочека на 13 октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни