Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски и Миркуловски остварија важна победа во Бундеслигата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/HSGWetzlar

Македонската комбинација Филип Кузмановски и Филип Миркуловски оствари значајна победа со нивниот Вецлар во Бундеслигата.

На гостински терен беше совлада составот на Ајзенах со 27:23 и тоа откако Вецлар одигра далеку подобро во второто полувреме. Домаќините имаа плус еден на пауза (11-10), но потоа на сцена стапија Кузмановски и компанија, го свртеа резултатот за четврто славје во шампионатот.

Новак со 7 гола го предводеше победникот за кој Филип не се запиша во листата на стрелци, но додели две асистенции.

Вецлар сега има 9 бода, во наредното коло ќе го пречема Гумерзбах.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни