Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски и Хановер во последната секунда останаа без победа против Есен

Објавено

на

Германскиот прволигаш Хановер Бургдорф испушти победа на денешната пресметка против Есен во Бундеслигата.

Гостите го добија првиот дел со 14-12, водеа на средбата се до последната секунда кога Фирнхабер ја погоди нивната мрежа за конечни на крајот 26-26. Ова за составот на Хановер беше трето сезонско реми во кое македонскиот репрезенаттивец Филип Кузмановски беше автор на еден гол од четири обиди, а забележа и две асистенции.

Клингер со 8 беше најдобар кај домаќините и на средбата, додека на спротивната страна листата на стрелци ја предводеше Клинглер.

Куммановски и другарите во следната рунда ќе се соочат со Гепинген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни