Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски и Хановер се израдуваа на 12. сезонска победа во Бундеслигата

Објавено

на

Составот на Хановер за кого настапува Филип Кузмансовски се избори за 12. сезонска победа во Бундеслигата.

Филип и неговите соиграчи го оправдаа статусот на фаворити против Ерланген и славеа со 27-26. Домаќините имаа проблеми во првото полувреме и на одмор заминаа со негатива (14-16), меѓутоа работата си дојде на свое место во вторите 30 минути во кои Хановер пред се ја стегна одбраната и со тоа си овозможи да направи пресврт и дојде до посакуваниот резултат.

Цехте со 6 гола беше прв стрелец кај победникот за кого Кузмановски даде 1 гол и запиша 2 асистенции.

Со овој резултат Хановер направи значаен исчекор кон обезбедување на опстанок во елитната германска конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни