Поврзете се со нас

Репрезентација

Кузмановски: Горд сум, но жалам за пропуштеното

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Филип Кузмановски повторно беше најсилно македонско оружје во нападот и нашиот капитен постигна осум голови на пресметката против Франција, дуел по кој и официјално го завршивме нашиот настап на Светското првенство.

Во споредба со претходните неколку турнири, оваа генерација предводена од Кирил Лазаров направи џиновски чекори напред и покажа дека може да игра на големите натпреварувања, а со изданијата кои ги понуди на шесте одиграни натпревари ја направи горда цела македонска јавност.

За тоа се свесни и самите ракометари, а Кузмановски како капитен на тимот не пропушти да нагласи дека овој тим можеше и многу повеќе, односно до четвртфинале на мундијалот ако се земе во предвид дека ремизиравме со Унгарија и Австрија.

– Мислам дека ќе треба да помине време за да видиме колку пропуштивме на овој турнир. Навистина ми е многу жал, имавме големи шанси за четвртфинале, анализата ќе покаже колку многу пропуштивме за пласман меѓу осумте најдобри.

– Како и да е, јас сум горд на овие момци, се бореа од прва до последна минута, покажавме борба, карактер…… Покажавме како треба да се игра за Македонија. Оваа селекција има простор за напредок, одиме во нагорна линија и на овој турнир покажавме дека добро работиме и веруваме во системот на Кире Лазаров.

– Мора да нагласам дека слепо веруваме во Лазаров, тој многу ни овозможи, ни ја олеснува работата со подготовката и анализата на противниците. За крај игравме против Франција, тим исполнет со многу ѕвезди, но собравме сили да одиграме машки до крај и среќен сум од целокупниот настан. Сигурен сум дека одиме напред како тим, – изјави капитенот Кузмановски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни