Кузмановски го доби „македонскиот дуел“ во Бундеслигата, Талески и Балинген ставија крај на црната серија

kuzmanovski

Денеска беше на програмата последното коло во 2019-та година во германската Бундеслига, а истото ни донесе и една „македонска битка“ пред клупската пауза која ќе следи поради репрезентативни обврски, или поточно Европското првенство.

Филип Кузмановски денеска одигра еден натпревар на кој доби доста голема минутажа, а во таква ситуација, забележа два погодоци од четири обиди. Неговиот Магдебург славеше со сигурни 34:27 во дуелот со Вецлар, тим за кој игра Филип Миркуловски. Популарниот „Жути“ имаше два обиди за гол и во двата наврати беше успешен со стопроцентна реализација.

Од останатите интернационалци, Пешевски и Штутгарт загубија од Фуксе Берлин во трилер завршница со 32:33, со тоа што репрезентативниот пивот го заврши натпреварот без реализација. Погодок не постигна ниту Филип Талески кој имаше скромна минутажа, но затоа неговиот Балинген го победи Лајпциг со 26:24 за прекинување на црната серија.

За крај, Лудвигсахфен во драматичен меч славеше со Гепинген со 24:23, а во истиот Мартин Томовски застана само две минути на голот во кои не успеа да запише ниту една одбрана.

Facebook Коментари