Поврзете се со нас

Репрезентација

Кузмановски е на врвот на листата на стрелци на СП

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски е на врвот на листата на стрелци на 29. ракометно првенство кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашиот национален тим го заврши настапот на мундијалот и тоа со пласман на 15 позиција, резултат во кој голема улога имаше Кузмановски со својата ефикасна игра низ шеста натпревари во групата и потоа во главната фаза.

Бекот на Пелистер со 49 голови е најфикасен играч на шампионатот заедно со феноменалниот Матијас Гидсел од Данска. Македонецот има подобра релизација или поточно 49 голови од 71 удар (69 проценти), додека Данецот има 49 од 73 обиди или 67 проценти.

Меѓутоа мора и да се потенцира дека Гидсел има изведено само еден пенал на првенството и го има реализирано, додека популарниот „Фитиљ“ изведе 19 и искористи 13 од нив.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни