Македонија
Кузмановски: „Чкембари“ се најдобри навивачи на светот, убеден сум дека заедно ќе се радуваме

Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски официјално беше промовиран во новата средина во тимот на Еурофарм Пелистер.
Тој и стави крај на епизодата во Вецлар и се врати назад во нашата земја во редовите на актуелниот првак. Левиот бек ќе го носи дресот со број 18, а дебито во Пелистер ќе го има против Пик Сегед во ЛШ и тоа на домашен терен пред навивачката група „Чкембари“ која за него е најдобра на светот.
-Благодарност до претседателот и клубот што направија се да ме доведат. Мотивиран сум и едвај чекам да заиграм во дресот на мојот клуб. Два дена работам со екипата, ги познавам моите соиграчи, со некои бев соиграч и во Бундеслигата. Знаеме какви навивачи се „Чкембарите“ и какви вљубеници се битолчани, најдобри во светот, и убеден сум дека заедно ќе се радуваме, -порача Кузмановски.
Своето задоволство од овој трансфер го искажа и актуелниот тренер Бранислав Ангеловски.
-реговаравме со Вецлар и порано да го доведеме Кузмановски, но сега беше вистинскиот момент. Му благадарам на Филип што ја одбра нашата од многубројните понуди. Знаеме што значи за нас како клуб и за нашиот град неговото враќање. Со него имаме уште појака македонска структура во тимот и сигурно ќе ни биде од голема корист, -порача Ангеловски.
-
Италијапред 24 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Англијапред 7 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!