Поврзете се со нас

Светски првенства

Кузмановиќ: Ги победивме Французите започнувајќи со зборовите на Карачиќ уште во автобусот!

Објавено

на

Доминик Кузмановиќ ги продолжи своите неверојатни изданија на Светското првенство и уште еднаш блесна во загрепска „Арена“ во полуфиналето, натпревар на кој голманот на Хрватите имаше дури 14 успешни интервенции.

Чуварот на мрежата на „коцкестите“ практично ги откажа Французите во моментите кога тие се обидуваа на било каков начин да се вратат во мечот, па без никаков сомнеж тој е еден од најважните херои за пласманот во финалето.

Хрватска славеше со 31:28 и си осигура медал на ова 29-то Светско првенство, но кога веќе е во завршниот чин, јасно е дека ќе се бори за финалето во Осло кое се игра во недела.

– Ова се емоции кои не се опишуваат со зборовиме, мислам дека не сме ни свесни дека се пласиравме во финале. Уживаме во прекрасната атмосфера со навивачите и семејствата. Сонувавме за ова финале, си ги остваривме соништата.

– Да бидам искрен, кога го слушнав последниот сигнал за крај на мечот, тоа многу ме погоди. Пресреќен сум и презадоволен, но морам да откријам една работа. Карачиќ во автобусот кога одевме кон салата порача: Луѓе, не смееме да го загубиме ова денеска! Од тој момент почнавме да ги победуваме Французите.

– Луѓето предизвика лавина емоции кај нас, едвај чекавме да истрчаме на терен, па не чудеше што поведовме и со девет разлика во првиот дел. Се боревме за секоја топка, за секој метар од теренот, одржувавме контрола. Ни преостанува еден натпревар и сакаме да го одработиме како досега, сеедно е со кого ќе играме во финалето, – изјави Кузмановиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни