Кутињо постигна мајсторски гол, Бразил конечно победи (Видео)

kutinjo-2

Филипе Кутињо веќе извесно време не немаше почестено со некој одличен погодок во негов препознатлив стил, но затоа ова попладне стави крај на долгото чекање, постигнувајќи фантастичен гол од слободен удар во победата која ја оствари Бразил против Јужна Кореја.

Селекторот Тите најави дека на овој пријателски меч ќе пристапи максимално сериозно, од едноставна причина што неговите играчи полека ја загубија самодовербата, со оглед на тоа што цели пет натпревари не знаат за победа. „Кариоките“ претрпеа два порази и забележаа три нерешени резултати на последните пет натпревари, но попладневно конечно ја прекинаа лошата серија, славејќи уверивло над Јужна Кореја во Абу Даби.

Пакета го отвори резултатот во 9-та минута по центаршутот на Лоди, а пред крајот на првиот дел, Кутињо изрежира мајсторија од слободен удар за сигурно водство на фаворитот. Во вториот дел, Бразилците продолжија со силните напади, а конечните 3:0 ги постави десниот бек Данило со силен удар.

Facebook Коментари