Кутињо отворено за својата иднина: Во Ливерпул го давам најдоброто, но што ќе се случи во јануари…

kutinjo

Фелипе Кутињо како капитен со три погодоци го предводеше Ливерпул до убедливата победа над Спортак Москва од 7-0 со што беше обезбедена првата позиција во групата Е во Лигата на шампионите со што во понеделничката ждрепка за нокаут фазата ќе ја има улогата на фаворит.

Меѓутоа без разлика на оваа партија и тоа што сезонава го дава за „црвените“ одличниот офанзивец не може да гарантира оти ќе остане на „Енфилд Роуд“.

-Јас сум во Ливерпул и го давам најдоброто од мене кога добивам можност за настап, почитувајќи го дресот и навивачите. Не знам каква ќе биде иднината, што ќе се случи во јануари ќе дознаеме во јануари. Не знам дали ќе има понуда. Минатото лето имаше понуда за работа на ист начин како што се случува со секој вработен и бев заинтересиран. Бидејќи останав, играв со волја и желба. Се разбира многу работи се случија во текот на летото, но мојата желба е секогаш да играм и да го дадам најдобро каде и да сум – тоа не е сменето. Јас сум тука, имаме многу натпревари и се обидувам да дадам се од себе за да помогнам, -истакна Кутињо кој со ова уште еднаш ги подотвори вратите на Барселона за да достави нова понуда за него.

Facebook Коментари