Кутињо објасни која е разликата меѓу Ливерпул и Барселона

kutinjo

Бразилскиот репрезентативец, Филипе Кутињо во јануарскиот преоден рок направи трансфер од Ливерпул во Барселона каде полека по надминувањето на повредата се прилагодува на новата екипа, новиот систем и новите соиграчи.

Сепак и покрај тоа што е само кратко на „Камп Ноу“ тој направи компарација и посочи која е разликата од играњето и носењето на дресот на англискиот и шпанскиот великан.

-Да се игра со многу големи играчи е многу подобро. Секој тим си има свој стил на игра и се уште учам како да играм овде, секој ден го правам најдоброто што знам -рече Кутињо кој проговори за разликата меѓу Јирген Клоп и Ернесто Валверде.

-Па, двајцата се различни, секој си има свои начини и искуства,-порача Фил за „Спорт“.

Малиот магионичар кој во новата средина досега има постигнато еден погодок исто посочи што најмногу го импресионирало од неговата преселба во Шпанија.

-Сите играчи се добри. Тоа го гледам секој ден, на сите тренинзи, натпревари. Ги гледате и велите тоа е неверојатно, ама тоа е нешто што ме изненади зошто тоа го знаев кога дојдов тука. Тоа што најмногу ми помогна e приемот на соиграчите во соблекувалната, сите се многу смирени, -вели офанзивецот од кого многу се очекува на „Камп Ноу“.

Facebook Коментари