Поврзете се со нас

Шпанија

Кутињо: Ми фалеше да играм на овој терен, секој ден сме…

Објавено

на

blank

Филипе Кутињо доби втора шанса во Барселона, а истата има намера да ја искористи ако се гледаат неговите настапи на пријателските средби кои каталонците ги одиграа во изминатиов период.

Бразилецот делува свеж, подготвен за новиот предизвик под водство на Роналд Куман, а што е најважно и самиот тој е задоволен, среќен.

-Јас сум навистина мотивиран. Се вратив рано во Барселона за да се вратам на тренинзите и сакам да работам напорно за работите да се одвиваат добро на теренот оваа сезона. Секој работи напорно, фокусиранo, се навикнува на начинот на тренинзи . Ние напорно тренираме и се надеваме дека ќе биде добра година за нас, -истакна Кутињо по вчерашниот меч со Елче на трофејот „Жоан Гампер“.

-Се чувствувам навистина добро. Ми фалеше да играм на овој терен. Имаме уште една недела до почетокот  и работиме напорно за да добро ја започнеме сезоната. Немавме многу време за претсезона, но стануваме се подобри, секој ден работиме малку повеќе. Се навикнуваме на она што шефот го сака од нас и ни останува уште една недела, -дополни Кутињо кој претходната кампања ја мина на позајмица во Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни