Кутињо со циркузантски лоб и мајсторија ја крена на нозе „Алијанц арена“ (Видео)

kutinjo-slavi

Косоварецот Рашица го доведе Вердер во водство на „Алијанц арена“ во Минхен, но со тоа само ги разлути домаќините кои во продолжение прикажаа атомски фудбал со кој буквално го торпедираа гостинот од Бремен.

Баерн Минхен на крајот со пресврт славеше со 6:1, а прво име на натпреварот беше Филипе Кутињо кој постигна три гола, од кои два беа навистина неверојатни. Токму Кутињо израмни на 1:1 со својот најлесен гол на средбата, а потоа во вториот дел изрежира две минијатури. Најпрво изведе еден циркузантски лоб со кој ја крена на нозе „Алијанц арена“, а на 10 минути пред крајот, ги постави конечните 6:1 со маестрален и неодбранлив удар во свој стил.

Покрај хет-трикот, Кутињо на овој натпревар забележа и една асистенција до Левандовски кој постигна два погодоци, а во гол шоуто се вклучи и Томас Милер.

Денеска, убедлива беше и Борусија на гостувањето кај Мајнц и славеше со 0:4, а стрелци на головите беа Ројс, Санчо, Азар и Шулц.

Facebook Коментари