Кутињо: Баерн е посложно семејство од моите претходни клубови

kutinjo

Бразилскиот репрезентативец, Филипе Кутињо ужива во првите свои недели како член на Баерн Минхен со тоа што 27-годишниот играч е особено импресиониран од атмосферата во клубот.

Кутињо беше доста критикуван во Барселона каде не ги оправда високите очекувања по трансферот од Ливерпул, но сега во новата средина верува дека ќе биде поинаку и е задоволен од тоа како тече досегашниот престој на „Алијанц Арена“.

-Првите неколку дена ми покажаа со што клубот располага, ги запознав моите соиграчи, тренерите. Секој ден се чувствувам малку подобро, многу сум среќен, -истакна Фелипе кој направи разлика меѓу Баерн и останатите негови досегашни клубови при што ја пецна Барселона.

-Баерн е посложно семејство од моите стари клубови. Знам дека има атмосфера во Ливерпул, но тука е уште повеќе семејство, -рече офанзивецот за „Скај“.

Facebook Коментари