Кутињо и Артур ја отворија вратата за кам-бек на Нејмар во Барселона

artur-kutinjo

Филипе Кутињо и Артур Мело ова лето не можат да играат заедно со Нејмар во селекцијата на Бразил на Копа Америка, но двајцата се надеваат дека од наредната сезона ќе можат да го имаат за соиграч на клупски план во редовите на Барселона, клуб со кој ѕвездата на Пари Сен Жермен во изминативе денови интензивно се поврзува.

-Секако дека би сакал да играм со него. Тој е одличен играч. Ама не само јас, туку сите. Уште подобро е кога повеќе играчи се на едно место, -порача Артур.

-Да се игра со Нејмар е фантастично. Тој е суперстар. Не знам што ќе се случи, ама секако дека убаво е да се зборува за можноста да се игра со него, -истакна пак Кутињо за „Марка“.

Facebook Коментари