Поврзете се со нас

Англија

Кут обвинет дека намерно му покажал жолт картон на Алиоски: Силно ги отфрлам овие лажни и клеветнички наводи (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/newcastleunited

Дејвид Кут до пред некое време важеше за еден од најдобрите и најценетите англиски судии, но за кратко време се случија доста работи и прашање е дали некогаш повторно ќе го видиме на терените во било која конкуренција.

Тој од неодамна е суспендиран откако на социјалните мрежи се појави видео во кое зборува лошо за Ливерпул, претходниот менаџер на клубот Јирген Клоп, па имаше и видео во кое користи бела прашкаста материја за да сега стигне обвинување дека намерно му доделил жолт картон на нашиот репрезентативец Џани Алиоски како дел од обид за обложувачка измама.

Се работи за меч од прет пет години и тоа меѓу Лидс Јунајтед и ВБА во Чемпионшип лигата каде Кут му доделува картон на левиот бек. Наводно тој пред натпреварот зборувал со негов познаник кој побарал да го санкционира Алиоски, нешто што се случи, па потоа Кут му се обратил на пријателот порачувајќу му дека се надева дека ја завршил работата, поточно го одиграл тоа за што зборувал.

Веднаш стигна реакција од арбитарот кој ги отфрла сите вакви скандалозни наводи.

-Силно ги отфрлам овие лажни и клеветнички наводи. Без оглед на проблмеите што ги имав во мојот личен живот, тие никогаш не влијаеле на моето одлучување на теренот.

-Отсекогаш сум го почитувал интегритетот на играта, судејќи ги натпреварите непристрасно и најдобро што можам, -порачува Кут.

-Ова се многу сериозни обвинувања и ние итно ги истражуваме“, изјави портпаролот на ФА.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни