Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Реал Мадрид излезе како победник од првото соочување со Манчестер Сити во плејофот во Лигата на шампионите и тоа на „Итихад“ каде славеше со 3-2.

Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)

Гостите од шпанската престолнина беа постојана опасност кон голот на домаќините, упатија 20 удари, но дури на крајот со пеколна заврпница дојдоа до триумфот со кој се чекор поблиску до место во осминафиналната рунда. Избраниците на Анчелоти беа во негатива до 86 минута кога резервистот Дијаз прво израмни на 2-2 за да во судското продолжение Белингем се најде на вистинското место и ја спроведе топката во мрежата на Едерсон за славје на бранителот на трофејот.

-Ова секогаш се тешки натпревари против нив. Два тима кои навистина ја посакуваа. Чувствував дека денеска бевме подобри од нив и заслуживме да победиме. Создадовме многу шанси, чувствував дека можеме да победиме. Тимот тоа многу го сакаше. Одевме по секоја топка, тоа е духот што ни треба за да победиме тим како Манчестер Сити. Сега сме на половина пат, -истакна голманот Тибо Куртоа.

Реваншот на „Бернабеу“ е закажан за 19 февруари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни