Лига на шампиони
Куртоа за последната акција на Реал: Покажа карактер што не им подаде на Винисиус и Мбапе! (Видео)
Реал Мадрид не игра течно и допадливо на стартот на новата сезона и европскиот шампион се мачеше и на првиот меч во Лигата на шампионите, но сепак со два доцни гола успеа да го положи испитот наречен Штутгарт.
Гостите од Германија беа далеку подобри во првиот дел и не поведоа само поради бравурозните одбрани на Тибо Куртоа, а откако падна по еден гол до средина на второто полувреме, победникот се решаваше во самата завршница.
Ридигер во свој стил погоди по еден корнер и донесе предност од 2:1, а пред последниот судиски свиреж, конечните 3:1 ги постави резервистот Ендрик.
Младиот Бразилец засега добива симболична минутажа од Карло Анчелоти, но со своите потези се повеќе доаѓа до израз и покажува дека заслужува и поголема шанса.
Ендрик постигна гол со разорен шут со левата нога во ситуација кога ги имаше Винисиус и Мбапе на левата и десната страна, но наместо да ги проигра, покажа храброст и тоа му се исплатеше.
– Ако не дадеше гол, ќе го убиев…… Но, тој постигна гол и ги замолкна сите кои во моментот подготвуваа критики. Ендрик има голема самодоверба и шут кој е неверојатно силен. Покажа карактер што не им ја додаде топката на Винисиус и Мбапе, – изјави Куртоа, кој беше избран за МВП на натпреварот.
-
Евролига15 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Италија16 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Лига на нации6 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан7 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Лига на нации17 часа
Каде е топката: Црногорецот Бакиќ падна на земја по дриблингот на Арда (Видео)
-
Лига на нации7 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија
-
Шпанија12 часа
Де ла Фуенте: Фудбалерите треба да одмараат во клубовите, а не во репрезентациите
-
Германија16 часа
Нагелсман му одговори на „експертот“ Леман за голманската дебата