Шпанија
Куртоа за крвничкиот старт над Бразилецот: На дефанзивците не им се допаѓаат потезите на Винисиус

Габриел Паулиста своевремено беше дел од Премиер лигата и беше навикнат да биде дел од жестоки дуели во Англија, но сепак ниту во Премиер лигата не режираше жесток и крвнички старт како оној изминатава вечер во Ла Лига.
Стоперот на Валенсија комплетно се „исклучи“ во ситуација кога не му одеше ништо на теренот и кога Валенсија губеше 2:0 од Реал Мадрид, па сиот свој бес го истури на сонародникот.
Паулиста брутално го шутна Винисиус Жуниор и заработи директен црвен картон од судијата Рохас, потег за кој доби огромни критики од цела шпанска јавност.
Медиумите бараат ригорозна казна за дефанзивецот на Валенсија, додека Тибо Куртоа истакна дека добро е што еден судија конечно решил да го заштити крилниот напаѓач.
– Мора да се заштитат играчи како Вини. Тој е експлозивно момче и прави многу дриблинзи за време на меч. Неговите потези не им се допаѓаат на дефанзивците, добар дел од нив чувствуваат дека ги понижува. Но, тоа не е така, тоа е неговиот стил на игра. Среќен сум што конечно еден судија имаше храброст да исклучи противничи фудбалер, бидејќи ова беше шут без намера да се удри топката, – изјави Куртоа.
😱💥 Así fue la escalofriante entrada de Paulista sobre Vinicius que le costó la merecida roja al valencianista… pic.twitter.com/1o9ySDsSIS #RealMadridValencia
— MARCA (@marca) February 2, 2023
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……