Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа со совет до Ендрик по првото Ел Класико: Мора да се смири…

Објавено

на

Реал Мадрид загуби од големиот ривал Барселона со 2-1 на тест натпреварот кој се одигра во Њујорк.

Барселона го реши Реал пред 82.000 навивачи во Њујорк (ВИДЕО)

Ова беше дуел кој го одбележа Пау Виктор кој даде два погодоци и со тоа продолжи на импресионира на овие подготовки со оглед на тоа што претходно стрелаше и против Манчестер Сити.

На другата страна пак тивок во првото Ел Класико беше талентираниот Ендрик кој мина скоро 70 минути на теренот, а не се закани ниту еднаш кон голот на противникот.

Повеќе од јасно е дека на Бразилецот ќе му биде потребно време за да се снајде во новата средина, а за да тој процес мине што побрзо ќе мора да слуша совети од постарите.

-Не е многу висок, но е многу силен во нозете. Тој е малку како Азар кога го сретнав во Челси – исто така имаше силни нозе. Можеш да го удриш, а тој сепак ќе стои. Има многу сила во шутот. На тренинзите сум го видел како силно шутира. Пред се мислам дека мора малку да се смири. Не знам дали е малку нервозен, но ќе биде се подобар и подобар, -рече Тибо Куртоа кој говореше и за натпреварот.

-Во овие подготвки играме натпревари кои се интересни за навивачите и за јавноста што доаѓа на стадион. На крајот стадионите се полни кога игра Реал Мадрид. Јасно е дека не сакаме да губиме од Барселона, дури и ако е претсезона, не сакате да изгубите.

-Ама на крајот, тоа што ќе се брои е во текот на сезоната и како што рече Карвахал минатата сезона, кога ќе се сведе на тоа, ќе видиме. Ова беше микс натпревар во кој играа млади луѓе со луѓе со искуство во првиот тим, и ние и тие. Тоа е само тоа, -заклучи Белгиецот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни