Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа се самопрогласи за најдобар светски голман и се награди со специјална тетоважа (Фото)

Објавено

на

Тибо Куртоа беше убедливо најдобар голман во Европа и светот изминатава сезона, па сега самиот реши да се самопрогласи за светски број еден со својата последна активност.

Белгискиот чувар на мрежата се почести со тетоважа по повод првата освоена титула во Лигата на шампионите, трофеј во кој тој одигра круцијална улога од самиот почетокот на кампањата, па се до големото финале.

Симболиката на Куртоа е навистина интересна и на неговата рака е нацртан гол исполнет со цигли, сето тоа како илустација за непробивлиот ѕид кој често знаеше да го создаде.

Тоа особено важи за големото финале против Ливерпул во Париз, каде со неколу сензационални одбрани ги шокираше ѕвездите на Клоп, а притоа ја сочува својата мрежа во победата од 1:0.

На тетоважата уште ги има иницијалите на Тибо Куртоа, трофејот во ЛШ, како и бројот „1“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни