Свет
Куртоа се пожали за третманот во родната земја: Преживеав цунами во Реал Мадрид, а сега…..

Тибо Куртоа се етаблираше како сигурен стартер во првиот тим на Реал Мадрид и ги надмина сите непријатни ситуации кои ги имаше за врема на проблематичниот старт во „кралскиот клуб“, каде сега се чувствува многу поценет и почитуван отколку во својата родна земја.
Куртоа смета дека белгиските медиуми и водечките луѓе во Белгија во последно време го потценуваат неговиот квалитет надвор од репрезентацијата, а како пример го посочи последниот избор на спортист на годината во оваа земја.
– Можам да сфатам и да го прифатам тоа што на Лукаку му ја дадоа наградата за најдобар белгиски играч кој игра во странство, но мислам дека и јас заслужувам почитн. Не бев ниту номиниран за спортист на годината, тоа е смешно. Искрено, во овој момент чувствувам дека сум повеќе ценет во Шпанија, отколку во Белгија.
– Не заборавајте, јас тука во Реал Мадрид преживеав цунами, жестоки критики на почетокот и го надминав сето тоа. Сега, сите аналитичари сметаат дека Лукаку е далеку подобар од мене.
– Кога играв во Атлетико, цело време добивав пофалби во родната земја, бев избран и за играч на годината, но сега работите се променија. Се што правам во Реал, за нив изгледа нормално, ништо посебно. Изгледа дека тоа што играм во најголемиот клуб во светот се претвори во обична работа во мојата земја, – потенцира Куртоа во интервјуто за белгиски „ХЛН“.

- Италијапред 18 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 18 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 16 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 17 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Светпред 14 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Италијапред 18 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)