Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куртоа: Се надевам нема да жалиме…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид ја доби пресметката со Челси (2-0) и во добра позиција да обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Бензема и Асенсио беа стрелци на погодоците за „кралевите“ во средба во која домаќините имаат играч повеќе од 59 минута (исклучен беше Чилвел), па голманот Тибо Куртоа смета дек можеме како екипа подобро да ја искористат таа предност, поточно се надева дека нема за зажалат што не успеале да дадет уште некој погодок.

-Секогаш кога играте голем меч од нокаут фазата имате чувство дека стте можеле, сте требале, да ја затворите пресметката. Ова е добар резултат, но ние сме вознемирени што не постигнавме трет, па дури и четврти гол. Се надевам дека нема да зажалиме што не постигнавме уште еден кога ќе играме повторно следната недела, истакна Куртоа по што говореше Тони Крос.

-Можеби можевме повеќе да притиснеме. Се разбира, секогаш постои опасност од контра напад, така што секогаш треба да се грижите за ова и на крајот ова е добар резултат. Беше добар меч, но можеби можевме да дадеме уште еден или два гола. Челси имаше една или две шанси во првото полувреме, така што го земаме резултатот и се надеваме дека ќе ја завршиме таботата следната недела, -порача играчот за врска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни