Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куртоа сака да избегне два ривали во четвртфиналето во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тибо Куртоа вчера немаше многу работа против Ливерпул и имаше прилично мирна ноќ со исклучок на воведните минути, кога Ливерпул изгледаше најопасно и најзаинтересирано на „Сантијаго Бернабеу“.

После ова, Белгиецот беше навистина мирен и не мораше да го спасува тимот како во некои други наврати, а тоа секако е добар предзнак за нов голем успех на Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ се пласираа меѓу осумте најдобри и остануваат топ фаворит за нов трофеј во најелитното натпреварување, улога која сега ја прифаќаат ѕвездите на Реал, вклучувајќи го и Куртоа.

Тибо вели дека Реал минатата сезона покажал од што е направен, а за следната фаза посака да избегне еден од двата англиски тима кои останаа во ждрепката.

– Да бидам искрен, сакам нешто поразлично од минатата сезона, би променил нешто од тоа. Минатата сезона ги одмеривме силите со Манчестер Сити и Челси и би ги избегнал нив оваа година. Сакам да играме против други тимови оваа година. Минатата година покажавме каков карактер има овој тим, направивме неколку кам-бека и го добивме респектот што го заслужуваме. Реал Мадрид секогаш е тука и се бори за титулата во Лигата на шампиони, – вели Куртоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни