Лига на шампиони
Куртоа распали по Симеоне: Изморен сум од неговото плачење!

Тибо Куртоа не забележа ниту една интервенција во пенал рулетот на „Метрополитано“, но самата неговата појава на голот предизвика голема нервоза кај играчите на Атлетико, која резултираше со поништен гол на Алварез, како и удар во гредата од страна на Љоренте.
Овие два клучни моменти го однесоа Реал Мадрид во четвртфиналето во Лигата на шампиони, а сосема очекувано, по натпреварот сите зборуваа за поништениот пенал на Хулијан, особено во ситуацијата кога ВАР камерата не ги расчисти нејаснотиите околу тоа дали навистина има двоен контакт.
Диего Симеоне веднаш по натпреварот се пожали дека нема ниту едно видео кое докажува дека Алварез двапати ја допрел топката при својот удар, а оваа негова изјава наиде на жесток коментар од Куртоа, кој без влакна на јазикот распали по Аргентинецот.
– Навистина ми здодеа тоа што секогаш глуми жртва, изморен сум од неговото плачење. Судиите никогаш не сакаат да туркаат еден тим, ниту во Шпанија, ниту во Европа. Видоа дека има двоен контакт и тоа го досудија. Технологијата го виде двојниот контакт и тука се е јасно. Кога водите 1:0 од 1-та минута на еден натпревар и кога не одите по втор гол за победа, вината треба да ја барате кај себе, – му порачува Куртоа на Симеоне.
– Пеналите се лотарија, но веднаш по ударот на Алварез, почувствував дека двапати ја допре топката и му го кажав тоа на судијата. Не е лесно да се види тоа и противникот имаше лоша среќа. Не го одигравме нашиот најдобар натпревар, но поминавме во четвртфиналето и тоа е најважно, – изјави Куртоа.
-
Формула 110 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија19 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Реал се закани: Последен пат играме фудбал во вакви услови!
-
Италија18 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Лига на шампиони22 часа
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија21 час
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)