Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа правеше чуда на голот и спречи пораз, десеткуваниот Реал потклекна во градското дерби (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид пристигна максимално десеткуван на малото градско дерби со Хетафе, а Зинедин Зидан и фановите на Реал Мадрид можат да бидат презадоволни што имаа максимално расположен голман, кој спречи висок пораз на „кралевите“ на „Колисеум Алфонсо Перез“.

Акумулираниот замор и тешките натпервари против Ливерпул и Барселона го ставија Зизу во навистина тешка ситуација, па фактот што можеше да смета само на 13 играчи (покрај трите голмани), и тоа како се одрази во играта на великанот од шпанската престолнина.

Хетафе беше апсолутно подобар тим и создаде најмалку три или четири стопроцентни шанси, но секогаш на висина на задачата беше Тибо Куртоа. Белгиецот го заврши мечот со пет клучни одбрани, но една беше посебно бравурозна во 59-та минута.

Унал испрати удар кој многумина го видоа во голот, но Куртоа со прстите интервенираше на спектакуларен начин и спречи водство на домашниот тим кој силно се трудеше да го пробие ѕидот наречен Тибо.

На крајот и покрај прескромното издание, Реал успеа да освои бод благодарение на својот херој на голот, но само една седмица по победата на „Ел Класико“ загуби драгоцени два бода во битката за титулата во Примера. Лидерот Атлетико сега има чисти три бода предност пред Реал, а Барса која не играше ова коло, со победа може да избие на втората позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни