Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа посебно издвои еден импресивен податок за трите последни финалиња на Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид ја освои четвртата титула во 2022-ра година и продолжи да ги добива најважните натпревари кои ги игра на домашна и европска сцена, а еден од хероите повторно беше Тибо Куртоа.

Белгиецот повторно беше клучен со своите одбрани во првото полувреме и ги неутрализираше Германците кои пред неколку месеци славеа во Лигата на Европа, исто како што тоа беше случај и со Ливерпул и Атлетик Билбао во претходните две финалиња оваа година.

Реал го победи Атлетик 2:0 во финалето на шпанскиот Суперкуп, против Ливерпул славеше со минимални 1:0 во Париз, па Куртоа издвои и еден податок поврзан за трите финалиња кои ги одигра неговиот тим.

– Имав две или три важни одбрани во првото полувреме, особено онаа на Камада. Го видов неговото движење и се фрлив пред време. Во останатиот дел од мечот се обидов да помогнам со играта со нога.

– Генерално гледано, имавме многу комплетен меч како тим. Само видете ја статистиката, последните три финалиња имаме три меча на кои не примивме гол. Кога овој тим игра едно финале, мора да победи. Тоа е ДНК на Реал Мадрид, – изјави Куртоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни