Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа: Покажавме дека сме подобри од Барселона, ситуацијата во Примера не е како во Премиер лигата

Објавено

на

Тибо Куртоа искрено се надева дека ќе продолжи сезоната во шпанската Примера во нормален тек и дека истата ќе заврши со шампион на теренот, а не на „зелената маса“ како што беше случајот во Франција.

Барселона има два бода предност на табелата и во случај да се прогласува шампион според бодовите до последниот натпревар, каталонскиот гигант ќе прокнижи нов трофеј во Ла Лига, нешто што никако не може да го прифати белгискиот голман кој нагласи дека Реал оваа сезона докажал дека е подобар од Барса во меѓусебните дуели.

– Ние сме само на два бода од Барселона и можеме да бидеме шампиони. Ќе биде многу лошо сезоната да се откаже и ако се одлучи Барселона да биде шампион, тоа ќе биде голема неправда. Одигравме нерешно на првиот меч кај нив и ги победивме на вториот на домашен терен, покажавме дека сме подобар тим од нив.

– Во Шпанија не е како во Англија, таму Ливерпул има предност од не знам колку бодови и таму ќе сфатам ако им се даде титулата. Треба да се доигра сезоната, има уште 11 натпревари и прерано е да се одреди шампион, – изјавил Куртоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни