Поврзете се со нас

Свет

Куртоа по враќањето во репрезентацијата: Се погледнав во очи со сите во соблекувалната

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тибо Куртоа направи голема пауза од белгиската фудбалска репрезентација поради конфликтот кој го имаше со Доменико Тедеско, но по селекторската смена кај „црвените ѓаволи“, голманот на Реал Мадрид реши да направи кам-бек.

Оваа негова одлука предизвика доста поделби во белгиската јавност и имаше негативни реакции и од низа поранешни белгиски фудбалери, но најрадикален беше Коен Кастелс кој реши да се повлече од националниот тим по враќањето на Куртоа.

Сосема очекувано, појавувањето на националниот собир предизвика огромно внимание во Белгија, па Куртоа морал да одржи и состанок со своите соиграчи со цел да ги расчисти сметките.

– Имав разговор со соиграчите уште вчера и се погледнавме во очи. Конверзацијата одеше добро, бидејќи претходно имаше многу нејаснотии и се пренсуваа лоши информации. Сакав да ја кажам мојата страна и имав можност да ја разјаснам целата ситуација.

– Капитенската лента не беше клучен проблем, тоа беше само капката со која се прели чашата. Им објаснив на моите соиграчи што имав да им кажам и им го кажав тоа во очи. Секогаш сум бил лидер на теренот, со капитенската лента, но и без неа. Среќен сум што можев да се објаснам и што разјаснивме се меѓу нас, сега можеме да продолжиме напред, – изјави Куртоа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни