Шпанија
Куртоа открива: Јас и Азар имавме посебен назив за Реал уште во соблекувалната на Челси
Тибо Куртоа прв повлече чекор и се претвори првиот Белгиец од редовите на Челси кој направи трансфер во Реал Мадрид, но само една година подоцна, неговиот пример го следеше и неговиот надалеку познат сонародник, Еден Азар.
Куртоа се пресели во шпанската престолнина веднаш по Светското првенство во 2018-та година, а 12 месеци подоцна, му се придружи и Еден Азар, крилниот напаѓач кој неколку години наназад не ја криеше намерата дека еден ден сака да заигра на „Сантијаго Бернабеу“.
Изминатово лето му се оствари сонот, па како што можеше да се претпостави, сега одново го има Куртоа за свој соиграч во репрезентацијата, но и на клупски план.
– Додека ја делевме соблекувалната во Челси, зборувавме за можност да играме тука заедно. Тоа беше сценарио кое секако го засмислувавме двајцата и зборувавме за тоа, – открива Куртоа за „Ел Мундо“.
– Имавме посебен назив за Реал. Белата куќа, белата куќа – беа нашите чести коментари за иднината. Беше навистина убаво да се шпекулира за тоа, а уште поубаво што сега сме тука. Сега сме гладни за освојување трофеи со Реал, – додава белгискиот чувар на мрежата.
-
Шпанија20 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија18 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија21 час
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија17 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија21 час
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија22 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација22 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Англија18 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот