Поврзете се со нас

Англија

Куртоа откри кој го „блокирал“ неговиот трансфер во Јунајтед

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тибо Куртоа со години е еден од најдобрите светски голмани, ас кој тргна од Генк по што преку Челси и Атлетико Мадрид дојде во Реал Мадрид во 2018 година.

Белгиецот растеше, напредуваше, се градеше низ годините и беше многу важен фактор во освоените пехари, успеси на неговите клубови. Тој сега го живее својот сон затоа што сакал да игра и го носи дресот на Реал, но негов идол во минатото бил и Едвин Ван Дер Сар, па и Манчестер Јунајтед има посебно место во неговото срце.

Токму Куртоа во разговорот со Рио Фердинанд откри дека размислувал за премиерлигашот, меѓутоа фактот дека Јунајтед долго време го имаше Давид Де Хеа, придонело кариерата да ја гради по друг пат.

-Ги сакав Едвин Ван Дер Сар и Касилјас. Од таа причина секогаш ги следев натпреварите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Гледав многу како Едвин расте и се обидов да учам од него. Зошто никогаш не се преселив во Јунајтед? Па тие потпишаа со Де Хеа. Тоа го обликуваше мојот пат на малку поинаков начин. Бев фан на Манчестер Јунајтед.

-Во моментот кога почна да ми оди добро во Генк, имаше одреден интерес од Тотенхем, одреден интерес од Челси и одреден интерес од клубови од други земји. Челси во тој момент го имаше најдобриот проект за мене долгорочно и во основа затоа што Давид отиде во Манчестер Јунајтед, ми ја отвори вратата да одам во Атлетико. Тој потег ме направи голман каков што сум денес, -откри ѕвездата на „кралевите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни