Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куртоа: Не се плашиме од ниту еден противник!

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид го победи Брест со 0:3 и си ја заврши својата работа во Франција, но поради лошиот старт на авантурата во Лигата на шампиони, сега ќе мора да игра плејоф за пласман во осминафиналето.

Актуелниот европски шампион ќе има прелиминарна фаза за место меѓу 16-те најдобри на стариот континент, па иако во петок ќе се одржи ждрепка, Реал веќе ги знае потенцијалните ривали во баражот, но и за осминафиналето.

Реал како 11-топласиран на табелата ќе игра или со Манчестер Сити, или со Селтик во баражот, а ако ја мине оваа фаза, ќе оди на мегдан или со Атлетико Мадрид, или со Баер Леверкузен во осминафиналето.

Ова е најава за сериозни предизвици уште во раната нокаут фаза, но Тибо Куртоа по победата над Брест најави дека тој и соиграчите не се плашат од ниту еден противник.

– Мора да играме плејоф и тоа е тоа. Кажав уште во најавата за овој меч. Не го загубивме местото во топ 8 вечерва, туку на претходните натпревари. Ќе играме плејоф и ќе видиме со кој ќе се паднеме, наше е само да бидеме подготвени.

– Не се плашиме од никој, ниту од Манчестер Сити. Низ годините игравме многупати со нив, ако сакаш да ја освоиш Лигата на шампиони, мора да ги победиш најдобрите, – изјави Куртоа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни