Свет
Куртоа не може да ја надмине караницата: Донесов тешка одлука, но тоа е најдобро за тимот (Фото)
Тибо Куртоа реши да не се стави на располагање на националниот тим и го прескокна Европското првенство поради долгиот процес на рехабилитација кој го имаше со коленото, но дури и во ситуација кога е максимално здрав, голманот на Реал Мадрид се реши за одлука која е навистина тешка од сентиментална гледна точка.
Куртоа и ден денеска важи за еден од најдобрите голмани во светот и Белгија беше далеку послаб тим без него на теренот, но навиавчите на оваа селекција во блиска иднина треба да се навикнат на такво нешто.
Тибо одлучи да не се враќа во репрезентацијата се додека селектор е Доменико Тедеско, човек со кого сериозно се раскара кога беше дел од својот последен собир. Куртоа остана без капитенската лента и експресно реши да го напушти националниот тим, а сега една година подоцна најави дека и не планира да се врати додека Тедеско е лидер на тимот.
– Сакам да им се обратам на белгиските фанови и на следбениците на нашиот национален тим. Чувствувам неизмерна љубов и гордост што ја претставувам мојата земја на теренот, но што ве претставував и вас фановите. Се чувствувам привилегиран што ја имав честа да бидам лидер на националниот дрес, ниту во моите најлуди соништа не можев да замислам дека ќе можам да го направам тоа повеќе од 100 пати.
– За жал, по настаните со селекторот и по многу размислување, решив да не се враќам во белгиската репрезентација додека е тој таму. Го прифаќам и мојот дел од одговорноста, но и покрај мојата недоверба во него, тоа нема да се одрази на други инстанци. Федерацијата, со која имам неколку разговори, го прифаќа мојот став и причините што ме доведоа до оваа болна, но доследна одлука. Жал ми е што можеби разочарав некои навивачи, но убеден сум дека тоа е најдобриот пат Белгија да оди напред, бидејќи на тој начин се затвора дебатата и му дозволува на тимот да се фокусира на постигнување на своите цели, – порача Куртоа.
I want to address the Belgian fans and supporters of our national team.
I feel immense love and pride in representing my country on the pitch, as well as every one of you who supports the Red Devils. I feel privileged to have had the honor of wearing the national jersey. Not… pic.twitter.com/BD4YP09wxs
— Thibaut Courtois (@thibautcourtois) August 22, 2024
-
Македонијапред 18 часа
Иџе ја заврши сезоната како најдобар во својата група: Македонија, ова е за тебе (Фото)
-
Италијапред 14 часа
Драма во 94. минута: Катастрофална грешка на судијата Паирето ја остави Монца без стопроцентна шанса за победа (Видео)
-
Шпанијапред 17 часа
Капитенот на Севилја постигна гол после пет години, па откри голем здравствен проблем: Има денови кога не можам да станам (Видео)
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Вриј подготвен за Халанд по киксот со Монца: Може да се сопре само на еден начин
-
Шпанијапред 19 часа
Јамал верува во подзаборавениот играч на Барса: Тој е специјален и може да ни помогне
-
Шпанијапред 8 часа
Ѕвезда на Барселона почна да тренира со екипата по пет месеци (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Мичел за бисерот на Барселона: Прави разлика, може да го достигне нивото на Меси
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Јунајтед не верува во Тен Хаг: Со него сме на милиони километри од титулата во Премиер лигата