Поврзете се со нас

Лига на нации

Куртоа направи аматерска грешка во победата на Белгија, Италија во Сараево го потврди пласманот на Ф4 во Лигата на нации (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекциите на Белгија и Холандија ги обезбедија последните билети за завршниот турнир во Лигата на нации на кој ќе учествуваат уште Франција и Шпанија.

Тоа се четирите репрезентации кои беа најдобри во А дивизијата и ќе можат да се борат за пехарот во ова натпреварување. Белгија тоа го направи откако славеше во директната пресметка со Данска со 4-2, средба во која погодија Тилеманс, Лукаку (2) и Де Брујн.

Воедно треба да се напомене дека домаќините им подарија еден погодок на Данците, а за тоа беа заслужни Чадли и голманот Куртоа кој направи голем кикс.

Италија со 2-0 ја доби БиХ во Сараево и со тоа го освои првото место во групата пред Холанија која залудно триумфираше против Полска (2-1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни