Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа: Мора да се прекине со фразата „заработувате многу пари“

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тибо Куртоа заработи тешка повреда на коленото пред повеќе од една година, но искусниот белгиски чувар на мрежата го надмина најголемиот предизвик во кариерата и имаше успешен кам-бек на теренот.

Куртоа стигна навреме да брани во големото финале во Лигата на шампионите и оттогаш повторно е во врвна форма, меѓутоа и покрај позитивно искуство кое го имаше со тешката повреда, тој не отстапува од ставот дека модерниот фудбал создаде еден преголем проблем за елитните спортисти.

Се повеќе играчи заработуваат тешки повреди кои ги оддлечуваат од терените до крајот на сезоните, а бидејќи оваа сезона тоа во Реал се повтори со Карвахал и Милитао, Куртоа вели дека бесмислено е да се употребува фразата која делува и доста зајадливо.

– Мора да се прекине со фразата „заработувате многу пари“. Тоа не смее да биде оправдание, сметам дека можеме да заработуваме многу пари и со 10 натпревари помалку по сезона.

– Главен проблем е тоа што ни недостасува одмор. Најлесно е луѓето да кажуваат дека заработуваме премногу пари и дека не треба да се жалиме.

– Добар пример за фудбалот е НБА лигата. Таму се игра девет месеци во низа, но потоа се одмора три месеци. Би било одлично да одмориме цели два месеци од фудбалот, така би биле поподготвени за интензивната сезона која следи. Ние во овој момент немаме одмор во континуитет и затоа повредите се се почеста слика во фудбалот, – потенцира Куртоа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни