Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куртоа: Ми преостанува само едно нешто за финалето по елиминацијата од Челси

Објавено

на

Тибо Куртоа е човекот кој направи второто полуфинале меѓу Челси и Реал да биде неизвесно до последните 10 минути, бидејќи фантастичните одбрани и добра поставеност на Белгиецот ги оставија гостите во игра до самата завршница, иако на крајот тоа се покажа како попусто бидејќи домаќините беа далеку подобар тим.

Белгискиот чувар на мрежата со неколку одлични реакции им даде шанса на своите соиграчи од Реал да направат нешто повеќе од нападот, но ниту тој не можеше да прави чудо постојано и во финишот прими втор гол по кој Челси и официјално го чекираше билетот за големото финале во Истанбул.

Куртоа ќе мора да почека нова шанса за да освои прв трофеј во Лигата на шампионите, но во меѓувреме не му преостанува ништо друго, освен да навива за поранешниот клуб од кого загуби изминатава вечер.

– Имавме две шанси во првото полувреме и не ги искористивме, а Челси е тим против кој не добивате премногу прилики за гол. Челси е фантастичен тим и имав незаборавни години тука, навистина ништо не се променило и нивните амбиции се највисоки.

– Очигледно, овојпат сакав да ги победам и секако дека постои разочарување, ова е голем удар за нас. Кога не го направивме тоа, ми преостанува само едно нешто за финалето. Ќе навивам за Челси во финалето против Сити. Имам огромен број поранешни соиграчи во тимот и им посакувам се најдобро за финалето, ќе навивам за нив, – изјави Куртоа за „БеИН Спортс“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни