Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа ќе го пропушти ЕП за да биде подготвен за следната сезона на Реал Мадрид

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тибо Куртоа заработи сериозна повреда на лигаментите поради која ќе ја пропушти цела сезона, а медиумите тврдат дека тој воопшто не размислува да ја забрзува рехабилитацијата поради Европското првенство.

Белгија ќе учествува на летниот турнир во Германија, но Куртоа одлучил да му даде предност на својот клуб Реал Мадрид и да ја темпира формата за наредната сезона.

Повредата на Куртоа е голем удар за шпанскиот состав и тренерот Карло Анчелоти, а се очекува тој да биде подготвен за тренинзи барем во месец мај.

Сепак, „РадиоМарка“ објави дека Куртоа ги информирал челниците на Реал дека не планира да форсира и да ризикува со настап на Европското првенство, туку ќе се концентрира на враќање во целосна форма за почетокот на подготовките за следната сезона.

Белгијците не се прославија на последните големи натпреварувања, а имаше шпекулации и за тензија меѓу најголемите ѕвезди, па можеби и ваквата атмосфера влијаела кај Куртоа во донесувањето на вака важна одлука, со која ќе се откаже од настап на еден голем и престижен турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни