Куртоа јавно го искажа незадоволството од навивачите на Челси по ремито со Лестер

kurtoa-raka

Челси денеска одигра само 0:0 со Лестер, овозможувајќи му на Манчестер Јунајтед да ја зголеми предноста на втората позиција со евентуална победа против Стоук во понеделник.

За тимот на Антонио Конте, тоа беше четврто реми по ред во сите натпреварувања и по мечот голманот на „сините“ Тибо Куртоа се пожали на односот на нивните навивачи.

– Не ни помага кога навивачите ни свират по секое погрешно додавање – кажа Белгиецот по денешниот меч.

 

 

Facebook Коментари