Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа ја откри желбата на Еден Азар: Го знам долго време и знам дека сонува за..

Објавено

на

Голманот на Реал Мадрид и репрезентативец на Белгија, Тибо Куртоа, зборуваше за својот тимски колега, но и соиграч од репрезентацијата, Еден Азар.

Офанзивецот воопшто не се наметна како решение за нападот на Реал Мадрид по неговиот многу милионски трансфер од Челси во „кралскиот клуб“.

Сега од Реал бараат начин да се ослободат од 30 годишниот фудбалер кој заработува и мало богатство на „Бернабеу“ и се подготвени да го пуштат дури и на позајмица со цел да се ослободат од дел од неговата плата.

Сепак, Куртоа верува дека Азар би можел да успее во Реал Мадрид затоа што знае дека тоа за него е голем сон.

– Го знам Еден долго време и занм дека сонува да игра редовно за Реал Мадрид. Навистина е штета што досега не му оду, а сите сакаат тој да блесне во овој тим.

– Можам да видам дека има желба и сака да му помогне на тимот. Постојано гледа да напредува. Не е лесно да се вратиш во најдобрата форма кога не си редовен во последните две и пол години.

– Тој во целата кариера покажа дека е еден од најдобрите светски играчи. Не беше во можност да го покаже тоа во последно, но неговиот талент не исчезнал и сигурен сум дека ќе се врати, – изјави Куртоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни