Лига на шампиони
Куртоа искрен: Познавам само еден играч на Брест

Реал Мадрид влегува со свои шанси за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, но за да се случи тоа, ќе треба да се поклопат неколку резултати и на други натпревари.
„Кралевите“ денеска му гостуваат на Брест кој е едно од најпријатните изненадување во европската елита, па иако станува збор за тим кој воодушеви со своето залагање, најголем дел од фудбалерите се уште се недоволно познати во јавноста.
Искрен одговор на оваа тема даде и Тибо Куртоа, кој запрашан од новинарите да даде коментар за играчите на Брест, призна дека всушност го познава само голманот Марко Бизо.
– Брест е многу студен град и сигурно ќе биде ладно за време на мечот. Сепак, и во Шпанија има некои студени градови и нема да ни биде нешто непознато. Изненаден сум од нивото кое го прикажа Брест, играат храбар и физички фудбал.
– Дали познавам играчи од Брест? Да бидам искрен, не ги познавам, го знам само голманот кој своевремено играше во Белгија. Не ги познавам индивидуално, но ги гледав како тим и очигледно е дека знаат на што играат. Сигурно не чека тежок и интензивен меч, – изјави Куртоа.
-
НБА4 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Шпанија23 часа
Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Шпанија (Фото)
-
Лига на шампиони20 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија22 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Свет24 часа
Менди си ја наполни сметката, па си пронајде и нова фудбалска средина (Фото)
-
Англија20 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија5 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија19 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа