Куртоа со искрен одговор на интересни прашања: Го откри најбрзиот играч во Реал, неговите идоли…

tibo-mafta

Тибо Куртоа успеа да ги претвори силните критики во големи пофалби благодарение на феноменалните партии кои ги имаше во вториот дел од сезоната, но Белгиецот уште повеќе ги освојува симпатиите меѓу фановите на Реал Мадрид со своите постапки на социјалните мрежи.

Првиот голман на Реал им се стави на располагање на сите фанови и одговараше на нивни прашања на Твитер, а со оглед на тоа што беа опфатени секакви теми, одговорите беа навистина специфични и интересни. Тибо за своја најдобра одбрана во кариерата ја избраа онаа против Нејмар на Светското првенство во 2018-та година, за омилен НБА играч го посочи Лука Дончиќ, додека негов фаворит број еден како голем љубител на Формула 1 е Михаел Шумахер.

Чуварот на мрежата на Реал откри дека најбрз играч на тренинзите на Реал е Бразилецот Винисиус Жуниор, а како негови идоли од детството ги посочи Икер Касилјас и Едвин Ван Дер Сар. За крај, Тибо нагласи дека Роналдо Назарио е играчот со кој би сакал да игра во актуелниот фудбал, а најомилен дрес му е оној првиот што си го разменил со Касилјас како играч на Атлетико Мадрид.

Facebook Коментари